Киев: Шестмина мртви при руско гранатирање на источниот град Торецк

Од:

Шест лица загинаа во руското гранатирање на Торецк, град во источниот украински регион Донбас, соопшти денеска Украинската државна служба за вонредни состојби.

„Една зграда е уништена од граната во Торечко, во напад извршен претпладнето. Спасувачите извлекле пет тела, се вели во соопштението на Службата објавено на Фејсбук проследено со фотографија од урнатините.

Од остатоците на зградата биле извлечени три лица, од кои едното починало во болница.

Покрај Донбас што е во фокусот на руската офанзива, утринава артилериски напади имало и во Миколаев на југот на земјата, во областите Харков на североисток и Дњепропетровск во централно-источниот дел.

„Миколаев беше ракетиран ноќеска“, изјави регионалниот гувернер Виталиј Ким за Телеграм. Како што вели, погодени биле автосалон и центар за продажба на земјоделска механизација. Според првичните информации во нападите нема жртви.

„Две лица загинаа во последните 24 часа во руското гранатирање на областа Харков“, изјави регионалниот гувернер, Олег Синегубов.

Во областа Днепропетровск, Русите синоќа неколку пати го нападнале Никопол, се наведува во утринскиот извештај на украинското претседателство. Притоа е рането едно лице и пренесено во болница, уништени се десетина објекти, а оштетени се болница, две локални фабрики и пристаништето.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина го нападна Белгород: Двајца загинаа, а 16 лица се повредени

Горан Наумовски

Нова закана од Москва кон Лондон: Британија и Русија се приближуваат до опасна линија

„Економист“: Путин е заробен во сопствената војна – поразот може да биде фатален

Зеленски: Во рускиот напад кај Буча загинаа 38 лица, 20 се повредени

Песков: Поразот на Украина е сè поблизу со секој изминат ден

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нова руска воздушна офанзива врз Киев: Има повредени, активирани сирените за опасност

Предраг Петровиќ