Епл ТВ-плус најавува тркачка серија на Стивен Најт

Од:

Епл ТВ-плус ја најави „Ферари“, нова биографска драмска серија инспирирана од бестселерот „Ферари Рекс“ (Ferrari Rex) од Лука Дал Монте.

Драмата ќе ја следи приказната за Енцо Ферари, основачот на тркачкиот тим Scuderia Ferrari Grand Prix. Посветен на изгрaдба на најбрзиот тркачки автомобил во историјата, Ферари зад себе остави трага на трагедија, сето тоа во потрага по чиста брзина.

Серијата ги прикажува неговите напори да го создаде својот тркачки тим од нула, одбирајќи пет надежни ѕвезди на автомобилски трки, ѕвезди во подем кои ќе се борат за победа.

„Воодушевен сум што раскажувам ваква евокативна приказна за овој легендарен човек и неговиот култен бренд“, изјави писателот и извршен продуцент Стивен Најт.

„Потполно необичниот живот на Енцо Ферари е дефиниран со неговото драматично лично и професионално патување, а ‘Ферари’ е славење на неверојатно сложено и фасцинантно човечко суштество.“

Создадена и напишана од номинираниот за „Оскар“ Стивен Најт, „Ферари“ ќе ја режира Стефано Солима, а ќе ја продуцира Лоренцо Миели за „Д Апартмент пикчрс“.

Би можело да ве интересира

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Инфлуенсер запали ферари од 370.000 евра

Чешката полиција со луксузно Ферари ќе гони криминалци

Шарл Леклер ќе стартува од пол-позицијата во Франција

Ферари ја брани стратегијата, Леклер останува разочаран

Ферстапен стравувал дека Ферари се пребрзи

А1он