Шели-Ен Фрејзер-Прајс од Јамајка го освои златниот медал на 100 метри на Светското првенство во Јуџин, со време од 10,67 секунди.
35-годишната Фрејзер Прајс постави рекорд на светските првенства и по петти пат во кариерата стана најдобра во светот, што никој досега не го направил. Во исто време, таа стана најстарата шампионка во историјата во индивидуалните дисциплини.
Исто како и на Олимписките игри во Токио, Јамајка ги собра сите три медали на 100 метри, само што сега распоредот е поинаков.
Елејн Томпсон-Хера, златната во Токио, сега беше трета со 10,81, а Шерика Џексон втора со 10,73 секунди.
Четврта беше Британката Дина Ашер-Смит, која постави нов национален рекорд со 10,83 секунди, а петта Мујинга Камбоџи од Швајцарија (10,91).