Договорите со Грција и Бугарија ќе бидат основ за казнување омраза на социјални мрежи, ако се изгласаат измените на Кривичниот законик

Од:

Измените на Кривичниот законик носат и повеќе можности за казнување на граѓани кои поттикнуваат омраза и дискриминација. Во формулацијата на делото под член 394-г сега се додава дека основа за казнување е и меѓународен договор. Такви се Преспанскиот договор, но и Договорот за добрососедство со Бугарија. Во измените на Кривичниот законик, драфт верзија прикачена на ЕНЕР, може да се новата формулација.

„Тој што преку информациски систем во јавноста шири пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална или телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, или на која било друга основа предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор, ќе се казни со затвор од една до пет години”, стои во формулацијата.

Во Кривичниот законик, кој е актуелен и во правна сила, меѓународните договори не се основа за гонење.

„Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на раса, боја на кожа, национално или етничко потекло, како и верско уверување, ќе се казни со затвор од една до пет години”, стои во Кривичниот законик кој е во сила.

Лавина реакции имаше во јавноста околу прашањето што е говор на омраза и кој ќе се гони, додека се дискутираше за францускиот предлог и протоколот кој ги регулира овие прашања. Сфаќањата беа дека со прифаќањето на предлогот и протоколот, секоја вербална нота од Бугарија со која ќе посочат дека има говор на омраза, во Македонија ќе се казнува.

Тоа би значело дека доколку на социјални мрежи, се објават пароли за Бугарите како: “Нека разберат, клетите фашисти…”, Бугарија може да реагира, а согласно Договорот за добрососедство ова ќе може да ова да биде основ за казнување.

Досега, ова беше негирано од министерот Бујар Османи, кој тврдеше дека говор ба омраза се регулира со домашните закони и не може Бугарија да посочува што е говор на омраза.

Би можело да ве интересира

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Димитров од историската комисија: Македонија треба да направи сериозни измени во учебниците, но не е подготвена за промени

A1on

(ВИДЕО) Бучковски: Русија стои зад антибугарските протести и желбата за одржување на референдум

A1on

Да се побара престанок на важноста на Договорот со Бугарија- Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе решава за референдумското прашање

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Бугарски историчари: Цар Самуил и Охрид се бугарски, прва победа во историските спорови со Македонија

A1on