А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ДУИ: САД, ЕУ, Лондон и Париз ја поддржуваат Eвропска Македонија

by А1он17/07/2022 - 10:51305
Share0

Демократската унија за интеграција ги поздравува позитивни реакции на целиот демократски свет за историската одлука „за“ францускиот предлог донесена од Собранието на Северна Македонија, кој ја запечати идеолошката ориентација на земјата без друга алтернатива, онаа за интеграција во Европската Унија.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз, Рим, Лондон и сите главни градови на евроатлантските земји високо ја ценат храброста на прогресивните сили што ја водат земјата.

Неколкуте неистомисленици, ВМРО и Левица, остануваат изолирани и обединети во духот на регресивните проруски сили“, соопшти ДУИ.

„Огромното мнозинство од граѓаните на земјата не се идентификуваа со руската агенда, не подпаднаа на измами, провокации и не ги поддржаа протестите што сакаа да ја вратат земјата наназад по сите тие заеднички достигнувања и да ја сменат нејзината стратешка ориентација.

Следете a1on на Youtube YouTube

Денес е време на определување, кој е со Европа, кој е против, кој е со НАТО, а кој против, кој се усогласува со евро-американските сили, а кој со проруските. Нема сива зона, нема недефинирано.

Демократската унија за интеграција смета дека огромно мнозинство граѓани ги поддржуваат евро-американските прогресивни сили и нема да дозволиме отстапување од евроатлантскиот курс на земјата“, се наведува во соопштението на ДУИ.

dui

Би можело да ве интересира

Од 549 нови полицајци, помалку од 40 Албанци, од 30 наградени, само еден Албанец, реагира ДУИ

Катерина Ѓуровски14/08/2026 - 08:15

ДУИ: 25 години од Охридскиот договор – јубилеј што нè обврзува да ја браниме еднаквоста

Горан Наумовски13/08/2026 - 09:1413/08/2026 - 09:29

ВРЕДИ: ДУИ, партијата која искраде стотици милиони, глуми истражител

Горан Наумовски12/08/2026 - 16:58

Како директорот на НОМАГАС, за време на својот мандат, обезбедил капитал за инвестиции во ‘Мерцедес’, прасува ДУИ

Катерина Ѓуровски12/08/2026 - 09:5112/08/2026 - 12:03

ДУИ: Од спотот ги избришаа Охридскиот договор, НАТО и Албанците

Катерина Ѓуровски11/08/2026 - 08:27

ДУИ: Со ниту една седница на Владата не претседавал еден од албанските вицепремиери

Катерина Ѓуровски10/08/2026 - 12:2710/08/2026 - 13:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео