ФОТО: На местото на старата касарна во Гостивар ќе се градат станбени објекти

Од:

Министерот Tалат Џафери денеска официјално предаде недвижен имот во сопственост на Министерството за одбрана на трајно користење на Општина Гостивар.

Станува збор за земјиште од 30 хектари во селото Бањица, во близина на старата градската депонија, каде што се наоѓаат објектитe на градската касарна.

Според најавите на градоначалникот Невзат Бејта, на местото на магацинскиот комплекс, чија вредност се проценува на околу 3 милиони евра, во иднина ќе се градат станбени објекти.

slika2

„Во врска со земјиштето што денеска ѝ припадна на локалната самоуправа, планираме да направиме дополнување на Генералниот и усвојување на Деталниот урбанистички план, по што таму ќе се гради најубавиот дел од Гостивар, кој ќе го користат сите наши граѓани. Во план имаме изградба на станбени објекти, со што вредноста на земјиштето ќе порасне за стопати”, додаде Бејта.

Пред официјалното предавање на клучевите на новиот домаќин, земјиштето и објектите на некогашната касарна во Гостивар подолг период беа управувани од неколку гостиварски фирми под концесија.

Поради несовесното менаџирање со нив, како што посочи Џафери, дел од постојната инфраструктурата се наоѓа во лоша состојба, меѓутоа со вложување минимални финансиски средства комплексот повторно ќе може да биде ставен во функција.

Г.М.

Би можело да ве интересира

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Тројца работници од Гостивар се повредиле на градежен објект

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал