Албанските Црвено-црни ултранционалисти бараат укинување на казната за инцидентите во Пустец

Од:

Крешник Спахиу, претседател на Црвено-црната алијанса, поднесе тужба против одлуката на Комесарот за заштита од дискриминација со кој парично се казнува партијата за инцидентите предизвикани во општина Пустец на 16-ти ноември 2012 година.

Паричната казна Комесарот ја изрече по одлуката од 4-ти април годинава со која бараше јавно извинување од Алијансата во рок од 30 дена и во спротивно најави парича казна.

Во тужбата до која дојде весникот Македониум, поденесена од Спахиу, до Основниот Суд 1 во Тирана, меѓу другото, стои дека „претензиите покренати од страна на Комесарот за заштита од дискриминација и општина Пустец се апсурдни и нереални“. Тоа, наведува тој, поради фактот што од страна на Црвено-црната Алијанса во општина Пустец не е превземена каква било насилна или дискриминирачка акција наспроти преставниците и заедницата во Пустец.

– Загриженоста што ја искажува Едмонд Темелко, градоначалник на општина Пустец и донесените одлуки од страна на Комесарот не се поддржани со закон и со докази, и следствено овие одлуки се невалидни административни акти, стои во тужбата на Црвено-црната алијанса.

Со тужбата, која се повикува на Уставот на Република Албанија, Рамковната конвенција за заштита на малцинствата, како и Европската конвенција за правата на човекот, Црвено-црната алијанса бара укинување на административниот акт, за парична казна на Комесарот за заштита од дискриминација и покривање на судските трошоци од страна на Комесарот и Едмонд Темелко, градоначалник на општина Пустец.

Со одлука од 4-ти април 2013 година, Комесарот за заштита од дискриминација на Албанија, бараше јавно извинување од Црвено-црната алијанса за инцидентите предизвикани во општина Пустец, и откога истата не ја испочитува на 1-ви јули Комесарот донесе одлука со која парично се казнува Црвено-црната алијанса со глоба од 430 евра.

– Иако, во одлуката од 4-ти април, Комесарот оцени дека акциите и декларациите на партијата Црвено-црната алијанса се дискриминирачки за македонското малцинство во општина Пустец и дека вакви акции се типични престави на еден агресивен национализам и дискриминација на малцинствата помеѓу негирање на нивните права што им се гарантирани од меѓународните акти и внатрешната легислатива и неказнувањето на едно толку отворено дискриминирачко однесување тешко ќе ја минира самата цел на постоењето на Законот за заштита од дискриминација, сепак Комесарот се одлучи да ја казни Црвено-црната алијанса со минимална казна од 430 евра иако законот предвидува казна од 355 до 3.550 евра, вели Васил Стерјовски од македомската партија.

Првото рочиште по ова тужба ќе се одржи на 7-ми октомври 2013 година во Основниот суд 1 во Тирана.

На 16-ти ноември 2012 година, во општина Пустец, членови на ултра националистичката партија, Црвено-црната алијанса ја оштетија патната сигнализација на општината, сигнализацијата на гимназијата, здраствениот дом и извикуваа националистички пароли, дека тоа е албанска земја и оти Македонците треба да си одат.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски