МВР со нов апел до граѓаните

Од:

МВР апелира до граѓаните, доколку било кој препознае некого од насилниците, како што се шесте лица од објавените фотографии, кои на 05.07.2022 насилнички се однесуваа за време на ненајавениот протест, фрлајќи тврди предмети кон полицискиот кордон и објектот на Собранието, при што беа повредени 47 полициски службеници, може да го пријави тоа на телефонскиот број 192 или во најблиската полициска станица.

Без разлика дали пријавата е анонимна или не, полициските службеници ќе постапат и, доколку се потврди идентитетот, против насилниците ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

Министерството за внатрешни работи уште еднаш со апел до граѓаните да не дозволат да бидат вовлечени во насилни инциденти, бидејќи ќе бидат преземани најригорозни мерки и нема да се толерира нарушување на мирот и безбедноста.

Секој дијалог треба да се води во институциите на системот, а македонската полиција останува гарантот за безбедноста на тие институции, на државата и нејзините граѓани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Влезе во затвор пиштолџијата Кока кој пукаше на протестот кај Скендербег

Кристијан Ландов

Две нови пресуди за инцидентите пред Собранието: Една година затвор за фрлањето молотов коктел кон полицијата, условна за подготовка

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Четири месеци затвор за пиштолџијата што впери пиштол во демонстрантите, па пукаше кај Скендербег

Кристијан Ландов

Приведено уште едно лице за инцидентот кај плоштадот Скендер бег, поднесена кривична пријава

Ана Ололовска

Приведени вкупно десет учесници во денешниот протест пред Собранието

Ана Ололовска

Петмина приведени оти фрлале тврди предмети кон Собранието на денешниот протест

Ана Ололовска