ЕУ нема суверено право да ни наметнува ултиматум, почна протестот пред Собрание

Од:

Со порака до Европската Унија дека нема суверено право да наметнува ултиматуми за прифаќање на нешто што ќе значи промена на идентитетот, почна протестот пред Собранието против францускиот предлог кој за еден час ќе го разгледуваат пратениците.

„Си ја сакам земјата и дојдов да испратам неколку пораки. Првата е народна поговорка која вели ‘немој да одиш пред мене зашто не можам да те стигнам, оди покрај мене за да ми бидеш пријател’. Ќе ве замолам да бидете до мене оти ако ја нема Македонија ќе не нема и нас. Ние граѓаните имаме добар соживот и ги почитуваме соседите, но не се гради добрососедство со сила и ултиматуми. И порака за кодошите во Собранието – не ве жалам вас, ги жалам вашите деца кои ќе бидат обележани. Порака и до Европејциве кои мислат дека имаат суверено право на светот. Ние колку сме толку сме, токму сме“, порача граѓанин кој го одржа воведниот говор на протестот.

Пред Собранието се скандира „никогаш северна, само Македонија“, ечат свирчиња и труби и се веат знамиња. Од сите страни се собираат демонстранти и нивниот број пред Собранието постојано се зголемува.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Влезе во затвор пиштолџијата Кока кој пукаше на протестот кај Скендербег

Кристијан Ландов

Две нови пресуди за инцидентите пред Собранието: Една година затвор за фрлањето молотов коктел кон полицијата, условна за подготовка

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Четири месеци затвор за пиштолџијата што впери пиштол во демонстрантите, па пукаше кај Скендербег

Кристијан Ландов

Приведено уште едно лице за инцидентот кај плоштадот Скендер бег, поднесена кривична пријава

Ана Ололовска

Приведени вкупно десет учесници во денешниот протест пред Собранието

Ана Ололовска

Петмина приведени оти фрлале тврди предмети кон Собранието на денешниот протест

Ана Ололовска