Спасовски: МВР презема мерки за заштита на пратениците во Собранието пред седницата за францускиот предлог

Од:

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски порача дека МВР ќе ги преземе сите мерки за заштита на пратениците и на Собранието утре за време на собраниската седница на која ќе се расправа за францускиот предлог, а претходно ќе се обрати и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– МВР прави анализи и прибира информации во однос на можни случувања утре во Собранието. МВР ќе ги преземе сите мерки за заштита на пратениците и на Собранието кое една од врвните институции и храм на демократијата, а решенијата треба да се носат преку дебата на народните избраници. Протестите, пак, се демократско право, но мора да бидат на демократски начин, демократијата не подразбира анархија“, рече Спасовски одговарајќи на новинарски прашања на граничниот премин Табановце.

Запрашан дали очекува настани во и околу Собранието како на 27 април 2017 година, Спасовски рече дека не сака да прави корелација со тој црн ден во македонската демократија.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на посетата на Скопје, ќе се обрати пред Собранието во рамки на 80. пленарна седница, со почеток во 13 часот.

По завршувањето на 80.седница, закажана е нова 81. седница, со почеток во 13.30 часот, на чиј дневен ред е Информација за содржината на Предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ бара зголемување на платите на полициските службеници и сите вработени во МВР

(ВИДЕО) Спасовски: Владата во случај на криза ќе нема пари за помош на граѓаните

(ВИДЕО) СДСМ бара 20% зголемување на платите на полицајците

А1он

Спасовски до Мицкоски: Направивте брутална партизација со бројни примери за непотизам

А1он

Спасовски: СДСМ поднесе амандман за награда на пожарникарите, полицајците, војниците, за гасењето пожари

Синдикатот на полицијата поднесе кривична пријава против Оливер Спасовски

Катерина Ѓуровски