Протест против францускиот предлог ќе има и денеска најауваат од иницијативата „Ултиматум – Не Благодарам“. Како и вчера протестниот марш ќе се движи од Владата кон Министерството за надворешни работи и до Собранието.
Вчера демонстрантите минуваа по оваа рута и протестот мина мирно. На точката кај плоштадот „Скендер бег“ кај Мавровка каде што минатиот пат се случи инциидент и едно лице пукаше со пиштол, имаше големо полициско обезбедување.
Денеска ќе биде деветти ден од протестите. собраниската седница на која ќе се разгледува информацијата за францускиот предлог испратена од Владата е закажана за утре.