По едномесечен бојкот албанските адвокати излегуваат на протест

Од:

Адвокатите во Албанија, кои веќе еден месец штрајкуваат и ги бојкотираа сите судски постапки, денеска донесоа одлука в четврток да протестираат пред Високиот судски совет.

Одлуката е донесена поради „оглушувањето“ на Советот, на Министерството за правда и Владата на нивното несогласување со новиот план за реорганизација на судството.

Според одлуката потпишана од Максим Хаџиа, претседател на адвокатската комора „адвокатите од цела Албанија ќе протестираат на 14 јули пред зградата на Високиот судски совет во Тирана”.

Со новиот план за реорганизација на судството, бројот на судовите се намалува за речиси половина.

Високиот судски совет (ВСС), највисокиот судски орган во земјата, одлучи да го намали бројот на првостепени судови од 22 на 13, на апелациските судови од шест на еден и на управните судови од шест на два.

Реорганизацијата практично значи дека адвокатите и нивните клиенти во некои ситуации ќе мора да одат во други градови на судења или во главниот град Тирана на Апелациски суд.

Во образложението на одлуката, Високиот судски совет наведува дека овие потези се во насока на „зголемување на ефикасноста на судскиот систем за граѓаните“, како и за подобра распределба на работата на судиите.

Но, адвокатите посочуваат дека ефектите од овие измени се токму спротивни, бидејќи граѓаните тешко ќе пристапуваат до судовите и ќе ги забавуваат судските постапки.

Освен Високиот судски совет, кој не ги зема предвид нивните забелешки и премиерот Еди Рама деновиве изјави дека тоа е завршена работа.

Адвокатите, во просек неделно бојкотираа по 500 судски предмети.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски