Шестмина повредени на трката со бикови во Памплона

Од:

Три лица се избодени, а уште три се здобиле со модринки во традиционалната трка со бикови на фестивалот Сан Фермин во Памплона, соопшти денеска портпаролот на шпанскиот Црвен крст.

Хозе Алдаба од Црвениот крст за шпанската национална телевизија изјави дека еден маж бил избоден со нож на улица, додека други двајца биле избодени од рог на бикови во арената на крајот од трчањето.

Трката завршува во арената во Памплона, каде подоцна во текот на денот биковите ги убиваат професионални тореади.

На фестивалот во Памплона секоја година доаѓаат и десетици илјади странски посетители.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сурова и брутална традиција: Шестмина повредени на првиот ден од трките со бикови во Памплона

Катерина Ѓуровски

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Бик во Шпанија прегази двајца тркачи, еден почина во болница

Горан Наумовски

ВИДЕО: Традиционална трка со бикови во Шпанија, годинава 35 повредени

ВИДЕО: Двајца повредени во трката со бикови во Памплона

Ана Ололовска

ФОТО: Голи активисти бараа правда за биковите во Шпанија

Ана Ололовска