Легендата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни тренерската кариера ќе ја продолжи во САД. Руни ќе стане нов менаџер на Ди-си Јунајтед.
Откако реши да го напушти Дерби Каунти, кој се соочи со елиминација во Лига 1 поради административни проблеми и покрај одличната сезона што ја одиграа, Вејн Руни реши да се врати во американската престолнина. Две сезони Руни играше во дресот на Ди-си јунајтед.
Според медиумите работата е завршена, останува само уште Руни да добие виза, по што ќе се пресели во САД.
Извор: Топспорт