Германците навалија на „Смедеревац“ печки на дрва и камини – се чека и по една година

Од:

Камините и печките на дрва станаа најбарана роба во Германија по почетокот на војната во Украина. Масовно се нарачуваат камини и печки на дрва, а според Централното здружение за санитарии, греење и климатизација (ЗВШК) во Свети Августин, побарувачката за греење на дрва експлодирала по руската инвазија на Украина.

„Луѓето се вознемирени, па дури и исплашени“, велат од здружението.

Есента е на прагот и Германците се плашат од можен недостиг на гас, а струјата поскапува, па бараат алтернативни извори за греење. Побарувачката вртоглаво порасна поради енормното зголемување на цените на струјата, испораките се одложуваат низ Европа поради прекини во синџирите на снабдување, а со недостигот на суровини што ќе следува, прашање е колку Германија може дури и да ги снабдува купувачите.

Во Германија има 2.000 компании за производство на печки но и тие не можат да постигнат да ги задоволат потребите на напливот од купувачи, дури се создаваат редици пред продавниците на камини и печки на дрва. Добиваат информации дека чекањето за камин може да биде од седум месеци до една година. Затоа, некои корисници сигурно нема да го добијат шпоретот или каминот до почетокот на грејната сезона, па дури ни во зимските месеци.

Освен за печки, расте интересот и за јаглен, огревно дрво и други видови алтернативно греење, Така барем тврди ЗВШК, пренесува www.mdr.de, уште пред војната во Украина, Германците почнаа да складираат јаглен и дрва кога цената на гасот порасна, плашејќи се дека нема да има повеќе енергенти. Огревно дрво складираат и оние кои вообичаено се греат на струја, „за секој случај“.

Се верува дека ситуацијата ќе остане иста во текот на целата година, а веројатно и во 2023 година. Проблем има и пазарот на челик потребен за производство на камини и печки. Се споменува недостатокот на шамотната глина како пример – тоа е огноотпорниот материјал со кој е обложена комората за согорување на печката.

Суровината потребна за изградба значително поскапе поради високата цена на струјата, што создава тешкотии за производителите.Во некои индустрии, цените на челикот се зголемија за повеќе од 100 проценти за само неколку недели, а кога цените на енергијата се толку високи, производството станува поскапо.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници