„Сакаме да влеземе во Европа со нашиот македонски јазик како Македонци, а не да не уценуваат и да прифаќаме тоа што не сме“, порачаа учесниците во протестот во Сарамзалино на магистралниот пат Велес-Штип кој ќе биде блокиран еден час.
Околу 200 учесници во протестот мирно го искажаа незадоволството од францускиот предлог кој предизвика голем револт кај граѓаните.
Тие бараат оставки од владините министри и бараат Османи да го објави билатералниот протокол кој го крие седум дена од јавноста.