(ВИДЕО) Зеленски: Знамето на Змиски остров е знак дека Украина не е скршена

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во своето синоќешно видеообраќање изјави дека подигнувањето на украинското знаме на Змиски остров е знак дека неговата земја не е скршена.

Секој руски капетан, на брод или авион, нека го види украинското знаме на Змиски остров и нека знае дека нашата земја нема да биде скршена, истакна Зеленски.

Тој додаде дека двомесечната операција за ослободување на Змиски Остров е предупредување до руските сили во Украина.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, Змискиот Остров повеќе пати е заземен од руската и од украинската армија.

Украинската армија вчера објави фотографија како војници поставуваат знаме на Змискиот Остров во Црно Море. По објавувањето на фотографијата со украинското знаме, руското Министерство за одбрана соопшти дека го ракетирале Змиски Остров и ги елиминирале украинските војници.

Тврдењата на Москва за напад врз Змискиот Остров не се независно потврдени, но локалните власти во Одеса претходно објавија дека руските сили го ракетирале Змиски Остров.

Змискиот Остров е стратешки важен и за Украина и за Русија. Во Црното Море има само неколку острови, а Змискиот Остров е лоциран на околу 200 километри јужно од Одеса, и од него може да се контролира целиот поморски сообраќај во близина на најголемиот пристаништен град во Украина. Со долгорочна окупација на островот, Русија ќе може да го блокира речиси целиот извоз на стоки преку пристаништето Одеса.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород