Протестите од утре од 13 часот продолжуваат со блокади на улици низ целата држава

Од:

Утре со почеток во 13 часот ќе се блокираат улици низ целата држава, најави на вечерашниот протест Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за европски прашања. Тој како последен говорник излезе на бината пред Собранието.

„Утре од 13 часот блокади низ цела држава, се гледаме на барикадите“, рече Боцевски и најави дека за точните локации за блокадите дополнително ќе информираат.

Масовното излегување на скопските улици изминативе шест дена, за Боцевски, е показател дека македонскиот народ си ја земал државата в раце.

„Шести ден се браниме од овие непрокопсаници кои не продадоа. Не гледаа во очи и не лажеа дека не го виделе документот. Нема повлекување, ова лето ќе остане запаметено како лето во кое македонскот народ си ја зема државата во свои раце“, рече Боцевски.

На бината рече дека се води и од емоции оти ги гледа развиорени знамето од АСНОМ, знамето со сонцето од Кутлеш и на крајот и знамето под кое Македонија испратила многу наши полицајци и војници што го бранеле нашиот сон.

За инцидентот со пиштолџијата кај споменикот на Скендербег од вчера и групата млади момчиња со качулки пред Собранието од завчера рече дека биле неуспешен обид да се внесе насилство.

„Сакаа да падне крв, да се завие во црно Македонија, но јасно сакаме да им порачаме, одгворноста е кај Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски и Бујар Османи“, рече Боцевски.

Со тапани и централен транспарент „Ултиматум, не благодарам“ зад кој во првиот ред стоеше лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва демонстрантите тргнаа од пред Владата, оставија ружи и транспарент „Уставот не е желботека“ пред Министерството за правда и се собраа пред Собранието каде што имаше импровизирана бина со неколкумина говорници.

Вечерва, за разлика од претходните денови, протестот беше обезбеден со повеќе полицајци, но и покрај тоа редовната маршута по булеварот Гоце Делчев беше сменета и демонстрантите не се појавија кај плоштадот Скендербег, по вчерашните пукотници.

Говорите пред Собрание завршија, но демонстрантите се уште се таму, скандираат „Никогаш северна, само Македонија“ и пеат патриотски песни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Влезе во затвор пиштолџијата Кока кој пукаше на протестот кај Скендербег

Кристијан Ландов

Две нови пресуди за инцидентите пред Собранието: Една година затвор за фрлањето молотов коктел кон полицијата, условна за подготовка

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Четири месеци затвор за пиштолџијата што впери пиштол во демонстрантите, па пукаше кај Скендербег

Кристијан Ландов

Приведено уште едно лице за инцидентот кај плоштадот Скендер бег, поднесена кривична пријава

Ана Ололовска

Приведени вкупно десет учесници во денешниот протест пред Собранието

Ана Ололовска

Петмина приведени оти фрлале тврди предмети кон Собранието на денешниот протест

Ана Ололовска