Основниот кривичен суд Скопје информира дека осум лица во текот на вчерашниот ден биле спроведени пред судија на претходна постапка при Кривичниот суд, кој по произнесување на осомничените во присуство на бранител, донел решенија со кои на 7 од осомничените им определил мерка куќен притвор, а на еден од осомничените мерка притвор, сите во траење од 8 дена согласно предлогот на обвинителството за водење на истрага во скратеан постапка, а заради постоење на основите од чл. 470 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП, односно опасност од бегство и можност да го повтори делото.
Против овие, неправосилни решенија, странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.