Од видео со инцидентот кај Мавровка се гледа дека група најпрво фрла шишиња од надвозникот врз колоната луѓе кои се дел од протестот против францускиот предлог. Тоа предизвика револт и реакција кај демострантите.
Групата од надвозникот продолжи да фрла шишиња и покрај тоа што веднаш до нив стоеа неколку полицајци.
На видеото се гледа дека од зад хотелот се појави и лице кое држи пиштол во рака и го вперува кон демонстрантите но и полицајците.
Насобраните револтирано викаа по полицијата барајќи да го уапси пиштолџијата.
При крајот на снимката се гледа како доаѓаат специјалци кои ги приведуваат лицата кои провоцираа. А според информациите од МВР уапсен е и пиштолџијата.