(ВИДЕО) Мицкоски: Имаше намера да се убие некој, подолго време добивам информации за моја елиминација од власта

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тврди дека на денешниот протест, при инцидентите кај Мавровка, имало намера да се изгуби човечки живот. Според Мицкоски, не е важно кои се лицата, туку дека одат против народот.

„Се случи тежок ицидент. Класична политичка монтажа. Убиство на некого, мајка со дете, мое убиство, недолжен човек. Ова требаше да личи на меѓуетнички конфликт, а не е ништо повеќе од борба за власт. Подолго време добивам неформални информации за моја елиминација од власта. Денеска видовме две лица со оружје за тоа да го направат. Полицијата ја немаше и се појавија 10 луѓе кои беа вооружани. Тие имаа и неколку истрели. Ваквото сценарио, го најави власта. Османи најави дека ќе има меѓуетнички тензии ако не помине предлогот за асимилација”, вели Мицкоски.

Според него, вооружените лица имаат тесна поврзаност со власта.

„Порака до Албанците. Борбата е заедничка, како што било во минатото и како што ќе биде во иднината. Порака до Македонците, да останеме достоинствени и да се бориме. Сакам да ве уверам дека и покрај тоа што има хушкачи помеѓу Македонците, нема дс отстапам ниту да се повлечам. Уште побројни и помасовни продолжуваме утре во 19 часот пред Владата. Јас заедно со вас ќе го предводиме побеничкиот марш. Нема чекор назад. Одиме напред”, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата