Демократската унија за интеграција најостро ги осудува инцидентите на антиевропските протести поттикнати од проруските елементи во нашето општество, вклучително и сценариото што вечерва беше реализирано на плоштадот Скендербег во Скопје.
„Инцидентот меѓу активистите на ВМРО, ЛЕВИЦА и Алијанса не може да не се смета за однапред смислен и испланиран од оваа коалиција бидејќи протагонисти беа токму овие три партии и нивните поддржувачи.
Лицето што вечерва ги нападна своите коалициски партнери, вчера заедно со својот брат водеше кампања за ВМРО ДПМНЕ, додека денес е функционер на ВМРО, директор на Комунална Хигиена во Скопје“, велат од ДУИ.
Од партијата повикаа на смиреност и не поттикнување на меѓуетнички инциденти и насилство на протестите.
– Антиевропските сили нема да успеат затоа што нашата земја е во НАТО и граѓаните ја сакаат Европа, додаваат од ДУИ.