Протест против францускиот предлог за решавање на спортот со Бугарија и за почеток на преговори со Европската унија ќе има и денеска. „Ултиматум – НЕ благодарам“ повика на „мирен и достоинствен“ протест кој ќе почне пред Владата па преку МНР ќе заврши пред Собранието.
– Да кажеме не на бугаразицијата. Не за полициските инфилтрати и не за полициското насилство. Да излеземе масовно и достоинствено се вели во повикот.
Вчера на четвртиот ден од протестите ситуацијата ескалираше кога дел од демонстрантите ја пробија заштитната ограда пред Собранието и влегоа во конфликт со полицијата. По индицентот МВР соопшти дека се повредени 47 полицајци, двајца потешко, приведени се 11 лица.