ДУИ: Стоп на насилните антиевропски протести на проруските сили

Од:

Синоќешните слики на насилство, напаѓајќи ги институциите и органите на редот, јасно покажуваат дека организаторите и поддржувачите на насилните протести продолжуваат да негуваат деструктивни антиевропски цели, служејќи на тој начин на проруските политики за дестабилизација на земјата и регионот велат од ДУИ.

– Демократската унија за интеграција најостро ги осудува обидите за дестабилизација на државата, поделеноста меѓу граѓаните со цел создавање на нови тензии, затоа итно бара од сите политички чинители, граѓаните и целото граѓанско општество да престанат и итно да се осудат насилните антиевропски протести. Токму во периодот кога државата го заокружува патот за да ја постигне тридецениската цел, ВМРО ДПМНЕ и Левица треба да седнат и да разговараат за овие добронамерни процеси, а не да организираат насилни протести, да шират лажни вести и да размислуваат црни сценарија за да ги исплашат граѓаните. После долги години чекање, конечно ја имаме можноста што ја заслуживме да ги започнеме преговорите за членство во Европската Унија и пред нас го имаме предлогот кој е во согласност со Резолуцијата на нашето собрание и го гарантира идентитетот, јазикот и културата на нашите сограѓани македонци. Демократската унија за интеграција, заедно со граѓаните, уште еднаш уверува дека нема да дозволи сили со проруско убедување да користат насилство врз институциите и да ја загрозат иднината на државата се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Адеми: Извештајот на ЕК укажува на застој во реформите и слаб институционален капацитет

ДУИ на 20 декември во Скопје ќе одржи партиски конгрес

А1он

Адеми: Пораката на ЕУ е недвосмислена, Македонија не е подготвена за интеграција во европскиот внатрешен пазар

Горан Наумовски

ДУИ: Потребни се итни реформи и уставни измени

ВРЕДИ: Коалицијата на ДУИ се стопи како пластелин

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми