Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки уште еднаш го повика премиерот Димитар Ковачевски да ги прифати четирите суштински измени во францускиот предлог кои ВМРО-ДПМНЕ ги побара после лидерската средба.
„Предлогот кој Владата на Ковачевски го прифаќа е неприфатлив за Македнија. Предлогот е ултиматум кој во себе ги содржи сите бугарски барања. Рамката во себе содржи протоколи преку кои Бугарија ќе има директно влијание и учество во менувањето на учебниците, ќе влијае и врз менувањето на историските факти и личности кои директно задираат во македонскиот идентитет. Десетици илјади граѓани секој ден го кажуваат своето „ултиматум, не благодарам“. ВМРО-ДПМНЕ стои на својот став и го повикува Ковачевски да ги прифати четирите суштински измени на предлогот.
ВМРО-ДПМНЕ повторно ги повикува граѓаните и денес од 19 часот да го искажат својот став. Ќе се собереме пред Владата и ќе маршираме кон МНР, институтцијата која е одговорна за овој дипломатски пораз и потоа ќе се упатиме кон Собранието“, истакна Ковачки.