1.
Каков хохштаплерај, какви хохштаплери! И уште ли има некој што верува дека фамозното Ск 2014 било идеолошки, политички, идентитетски, културен … проект? Или тооолку е голема идеологијата, политиката, идентитетот … па само за патувања до Фиренца, и назад, да се потрошат цели 1,5 (еден и половина!) милион евра? И Валентинчето да се прошета, ни повеќе ни помалку, туку 25 пати до таму? Па и некој си Претседавач на општината, па вработени, па можеби и кафекуварката, за да види како тоа во Фиренца се вари кафе?
Во еден од коментарите на мрежите имаше дури и прецизна пресметка дека едно патување, просечно, според дадените показатели, чинело околу 26,500 евра! Па што правеле тие луѓе таму? Што гледале, што контролирале, што мајка и татко барале таму и Претседавачот, и бирократите од Центар, и сите други, за толку пари? А оној „филозофон“, „идеологот“ на конзервативизмот и голем моралист, не знаел ли што се случува во општината?
Е па ајде, ќе има ли маж, или жена, што ќе излезе и ќе не просветли конечно за овие нешта? На пример, оној Станковски – Сарајлија, ќе ни објасни ли зошто морало да се потрошат толку пари за „стручно“ шетање? Или можеби Божиновски ќе изнајде некоја теориска поткрепа за таквото расипништво? Или некој друг? Или сите заедно сега се седнати во некоја дупка и смислуваат „стратегија“ за одбрана? Одбрана – на што? Постои ли одбрана на такво расипништо, на такви расипикуќи, на таков хохштаплерај? Навистина ли сме толку богати па така да се расфрламе? Некои велат дека со еден и пол милион евра се прави едно школо! Ама, што ќе ни школо? На неписмениов народ му требаат факултети! А и кој би учел во тоа школо? Овие се веќе научени. На се’!
2.
Но, не треба да се потценуваат „стручњаците“ од типот на Станковски и компанија кога се во прашање минхаузенските измислици како алиби. Кога можеше Музејот на современа уметност во Загреб, според него, да чини цели 2 милијарди евра, зошто сега да не извлечат некаков „податок“ дека овие 1.5 милиони евра се всушност ситни пари, дека тоа се нормални трошоци, дека таму некаде во Гологузица се трошат и повеќе пари за патувања, дека Б.Ц. потрошил, на времето, толку и толку за тоа и тоа, дека … Нашиве минхаузени може да смислат дека во сериозни земји како нашава тоа се пари за семки, онака – за џепарлак, дека СДСМ толку трошела за тоалет хартија и слично.
И мислат дека некој ќе им поверува. Сеуште мислат дека има тооолку лековерни луѓе кои ќе го оправдаат овој бандитизам. А можеби и има. Оние кутрине од Пустец. Ама и тие не се толку наивни. За следните избори ќе си ја покачат тарифата!
Колку што и’ поверувавме на Искра на мајка дека за врбите земала хонорар од само 500 евра, толку ќе им поверуваме и на новите измислици што секако ќе пристигнат од некој мегафон. А впрочем, и Валентина не’ убедуваше дека за Портата, за која што дрпна цели 303.512 евра, за неа биле само 500 евра!? Сето друго, уствари, она ни го подарила нам, на граѓаните на Скопје. Еве сега и овде, од вкупните пари за „патувања“ во општина Центар, за нејзини „патувања“ до Фиренца, таа на граѓаните им „подарила“ (читај: поарчила) околу 650.000 евра!
Какви филантропи!!!
3.
Но, всушност, верувањето и довербата веќе не се сериозни прашања за дискусија кај нас. Тие се неповратно изгубени. Ги нема. И не само сега. Најновиве податоци можеби ќе ги разубедат единствено последните скептици. Ако воопшто ги има.
Вистинско сериозно прашање е, на пример, каков е тој морал, каков е тој човечки профил, или материјал, кој така крвнички арчи туѓи пари? Каков е тоја морал и човечки материјал кој тоа го гледа и молчи? Како тие луѓе се гледаат себеси во огледало? Или – ги покриле огледалата? Имаат ли родители, семејства, деца … како им го објаснуваат овој хохшаплерај и сопственото (со)учество во истиот? Како воопшто излегуваат на улица? Навистина дефинитивно се претворивме во најцрниот Wild West на Балканите, каде царува оружјето, и само оружјето? И кражбата!?
Или, можеби, вистинското прашање е: можна ли е толкава бескрупулозност, толкава алчност, таква аздисаност, денес и тука? Тоа ли беа новите вредности што ни ги пропагираа неодамна оној смешнион Боцевски и онаа „новинаркана“? Грабај и бегај филозофија? Па ако некој толку сакал да шета низ Фиренца и Италија, зошто не си платил од свои пари? Или ако оној „Тинекс“ толку сакал да си ги прошета советниците и службениците, зошто не им платил од свој џеб? Или од касата на „Тинекс“-от му?
3.
На крајот, ќе профункционираат ли сега оние „легални судови“ со кои хистерично се закануваше „новинаркана“? Ќе се јават ли сега таквите да удрат на маса, да бараат правда, ред и закон и, ако треба, да „кинат јајца“? Или нас повеќе не’ интересира задникот на Обама, турските новинари и слични гооолеми настани? За нас е ситен хохшаплерајот од 1,5 милиони евра?!
4.
И се’ си мислам, да не е и оној пенисологон Ацо Станковски таму на некој список за Фиренца? Да не бил неодамна таму, на наш трошок, па му го видел таквото на Давида, па му текнало дека тоа, всушност, е наш Аце? Којзнае, треба да се провери!
И не знам зошто Центар не ги објави имињата на тие што доброволно сме ги финансирале да си ги шетаат газовите низ Фиренца. Вака само ќе наѓаме, покрај сувото ќе гори и суровото, и некој што не бил вмешан во хохштаплерајот ќе се чувствува еднакво извалкан и виновен …