Молк од Горан Милевски за модифицираниот француски предлог

Од:

Лидерот на Либерално демократската партија и актуелен министер за локална самоуправа, Горан Милевски се уште не го дал своето мислење за модифицираниот француски предлог за преговарачката рамка иако гласно го одби првичниот предлог кој стигна пред десетина дена.

Горан Милевски не присуствуваше на првата консултативна средба во Владата со малите коалициски партии затоа што се наоѓаше во Софија на Конгресот на Либералната интернационала, но оттаму напиша дека го разгледал модифицираниот француски предлог и вметнатите барања на македонската Влада во истиот.

Милевски присуствувал синоќа на средбата во Владата со премиерот Ковачевски заедно со лидерите на ДОМ и на Демократски сојуз, Маја Морачанин и Павле Трајанов. Тие денес јавно ги искажаа своите ставови, а Милевски молчи.

„А1он“ го праша Милевски дали неговиот став како претседател на ЛДП е ист со нивните ставови во однос на забелешките. Но, тој кусо одговори да „одат само нивните изјави“. Запрашан дали имал притисок од некоја амбасада во врска со ставовите, Милевски рече дека нема такво нешто.

Тој беше првиот функционер во Владата кој гласно се спротивстави на францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија најави дека овој став ќе го застапува во рамките на партијата и во Владата.

„Франција ти благодарам, но НЕ. Билатералните спорови не смеат да станат европски услови како што спорот помеѓу Словенија и Хрватска не беше за влез на Хрватска во ЕУ. Јазикот не може да биде компромис, тоа е веќе решено прашање со Преспанскиот договор.Во ЕУ ќе влеземе како Македонци со својата вековна историја, култура, традиција и вредности, со сопствен јазик и посебности, а влез како втора бугарска држава, ниту сакаме, ниту некој може да прифати, ниту кореспондира со реалноста и историјата“, објави Милевски.

Помалите коалициски партнери во Владата на премиерот Димитар Ковачевски не му дале бланко поддршка за францускиот предлог на синоќешниот состанок. Претседателите на ДОМ, ЛДП и Демократскиот сојуз побарале од премиерот да го видат фамозниот билатерален протокол, за кој повторно беше најавено дека денеска или утре ќе биде објавен од МНР. Тие бараат да биде преведен на македонски јазик и достапен на јавноста за да се отвори поширока дебата.

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин за „А1он“ рече дека за нејзината партија е неприфатлива ваквата верзија на францускиот предлог и дека се зависи од содржината на билатералниот протокол.
„Најважно е да го видиме билатералниот протокол и дали оние годишни извештаи за прогресот се всушност напредок во разговорите за историските и образовните прашања. Ако се, тогаш нема што да прифаќаме и да преговараме со ЕУ за нешто што е билатерален проблем. Но, протоколот се уште се подготвува и нема готова верзија. Побаравме од премиерот протоколот да се преведе на македонски јазик и потоа ЕУ да гарантира за преводот. Потоа уште еднаш ќе го разгледаме и ќе донесеме заклучоци“, истакна Морачанин.

Би можело да ве интересира

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа

Владината коалиција е стабилна и цврста, дали ЛДП би биле дел од владината коалиција се уште не е разговарано, вели Мицкоски