Голем број граѓани повторно се собраа пред Владата за да кажат „не“ за францускиот предлог.
Шефот на државата, Стево Пендаровски претходно денеска кажа дека предлогот од Франција за него е прифатлив.
Според Претседателот, тој е транзиционен и не го поткопува македонскиот идентитет.
Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ по денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски изјави дека понудил три решенија за францускиот предлог.
Според Мицкоски, барањата се разумни. Останува на ставот кој го дели со партијата дека предлогот во ваква форма треба да се одбие.
Премиерот Димитар Ковачевски за трите предлози на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не одговори конкретно дали ги отфрла, но посочи дека не е загрозен идентитетот и јазикот.
Според него, Владата се држи до државните интереси, се штител идентитетот и не е направено ништо без да се почитуваат црвените линии.