(ВИДЕО) Украина објави снимка: „Чистење руско ѓубре од Змискиот остров“

Од:

Руските сили во четвртокот го напуштија стратешкиот центар на Црното Море Змискиот остров, во голема победа за Украина што може да ја ублажи руската блокада на извозот на жито.

Руското Министерство за одбрана објави дека одлучило да се повлече како „знак на добра волја“ и дека потегот покажува дека Русија не се меша во напорите на Обединетите нации да организира хуманитарен коридор за извоз на пченица од Украина. Украина соопшти дека ги истерала руските сили со напади во текот на ноќта.

“КАБУМ!”, напиша на Твитер, Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Нема повеќе руски војници на Змискиот остров. Нашите вооружени сили завршија одлична работа“.

Украинското Министерство за одбрана вчера објави видео од украинските напади врз руските позиции на Змискиот остров.

„Чистење на Змискиот остров од руско ѓубре. Ќе продолжиме со ослободување на окупираната украинска територија“, стои во описот на снимката објавена вчера од украинското Министерство за одбрана.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород