ВИДЕО: Пендаровски го прифаќа францускиот предлог

Од:

Шефот на државата, Стево Пендаровски кажа дека предлогот од Франција за него е прифатлив. Според него, тој е транзиционен и не го поткопува македонскиот идентитет.

„Предлогот се сведува на едно барање, да се внесат Бугарите во Уставот. Не верувам дека ова е судбинска дилема. Мојот став е дека со одлукта да го прифатиме предлогот е само за да ги отвориме преговорите. Одлуката да го прифатиме францускиот предлог нема да биде историски триумф или историски дебакл. Според мене ова е транзиционен процес. Предлогот за мене во оваа фаза е прифатлив”, кажа Пендаровски.

Според него, засега нема консензус за влез на Бугарите во Уставот.

„Убеден сум дека не сме можеле да добиеме повеќе. Не тврдам дека преговорите во изминативе две години не можло да де добие нешто поквалитетно, ама немало да има суштина туку детали”, додаде тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

(ВИДЕО) Пендаровски во Маврово: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Сиљановска

(ВИДЕО) Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е изборот за успех на државата, се друго е рецепт за продолжена агонија, за враќање на режимот

Горан Наумовски