ВИДЕО: Полицијата во Охајо убила уште еден Афроамериканец, утре протест

Од:

Полицијата во американската сојузна држава Охајо го уби Афроамериканецот, Џејланд Вокер, (25) испукајќи десетина куршуми во него додека се обидувал да побегне, изјави адвокатот на семејството на убиениот.

Адвокатот се повика на полициската снимка, што утре треба да биде објавена.

Официјалните лица изјавија дека инцидентот почнал кога полицајците се обиделе да го запрат Вокер поради сообраќаен прекршок, додека во понеделникот рано утрината, се возел со автомобилот.

Вокер побегнал, а полицијата на Акрон соопшти дека полицајците пријавиле дека од возилото на осомничениот бил испукан пиштол.

По неколку минути, Вокер излегол од возилото и почнал да бега додека полицајците го бркале и пукале кон него, изјавувајќи дека претставува смртоносна закана, се наведува во полициското соопштение објавено во вторникот.

Вокер бил убиен на паркинг.

Во денешниот коментар објавен во „Акрон Беком Журнал“, адвокатот Боби Дисело видео материјалот го опишува како брутален и кажа дека роднините на Вокер се загрижени дека протестите закажани за утре би можеле да прераснат во насилни, пренесоа британските медиуми.

Ова е последното во серијата убиства на Афроамериканци од страна на полицијата во САД, за кои критичарите велат дека се неоправдани, вклучувајќи го и убиството на Џорџ Флојд во 2020 година во Минеаполис, што предизвика глобални протести против полициската бруталност.

Сите ние се подготвуваме за одговорот на заедницата и единствената порака што ја имаме е дека на семејството не му треба повеќе насилство, рече Дисело.

Полицијата во Акрон соопшти дека Вокер пукал со пиштол кон полицајците кои го бркале и планира снимките од камерите на телата на полицајците да ги објават утре на прес-конференција, неколку часа пред да се одржи протестниот марш.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени