Украина извезува електрична енергија во Европската унија

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека преносот на електрична енергија во Романија е почеток на процес кој може да и помогне на Европа да ја намали зависноста од руските јаглеводороди.

Зеленски ова го изјави во ноќната видео порака по најавата на премиерот Денис Шмухал дека извозот започнал претходно во текот на денот, во износ од 100 мегавати, четири месеци по почетокот на руската инвазија на Украина.

„Почетокот на извозот е уште еден значаен чекор во нашето движење кон Европската унија“, рече Зеленски.

Тој додаде дека „благодарение на украинската електрична енергија, значителен дел од рускиот гас што го користат европските потрошувачи може да се замени“.

„Затоа, ова не е само прашање на заработка од извоз за нас, туку прашање на безбедност за цела Европа“, рече Зеленски, потсетувајќи и на поврзувањето на Украина со заедничкиот енергетски систем на ЕУ.

Во средината на март, Украина постигна договор за приклучување кон Европската мрежа на преносни систем оператори за електрична енергија (ENTSO-E) како набљудувач, откако нејзината мрежа ќе се поврзе со мрежата на ЕУ.

ENTSO-E неделава објави дека се завршени подготовките за првиот извоз од Украина, заедно со електрична енергија од Молдавија, почнувајќи од 30 јуни, користејќи интерконекција со Романија.

Наскоро ќе следи и тргување со електрична енергија на други интерконекции меѓу Украина и Словачка, Украина и Унгарија, како и меѓу Молдавија и Романија. Во првата фаза капацитетот со кој ќе се тргува ќе биде поставен на 100 мегавати.

Во претходна најава, премиерот Шмихал рече дека извозниот потенцијал на Украина во Европа ќе достигне 2,5 гигавати.

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски