Стојаноска: Џафери се изживува со пратениците

Од:

Пратеничката Дафина Стојаноска на денешната седница на Собранието на Република Македонија за интерпелација на спикерот Талат Џафер говореше за неговото раководење и рече дека ако се спореди, тоа е една чаша која постојано е преполна, прави секојдневни грешки и со секој ден ѝ докажува на македонската и светската јавност колку може да биде пробиено дното.

– Немоќта да се усвои дневен ред во цели два дена ја извади на виделина сета неспособност и кршење на деловникот или докажување дека панично се направиле катастрофални и почетнички грешки од страна на еден долгогодишен пратеник, а за некого и најуспешен претседател досега. Така, кон крајот на првиот ден од нашата активна блокада и првиот ден од започнувањето на новата 71 седница сакајќи да нѐ изигра, спикерот се повика на еден член од Деловникот кој се однесува на расправа за закони и амандмани и други акти под надлежност на Собранието и кој вели дека ваква расправа може да се заклучи, а за гласање може да се определи ден и час кога Собранието би се изјаснило. Џафери сакаше да прескокне гласање по предлог за измена на дневен ред повикувајќи се на овој член. Ова беше премногу почетничка грешка за еден вака искусен и успешен претседател бидејќи нели, немаше како да се премине на следен предлог за измена на дневен ред ако претходно немаше произнесување.
Бидејќи не се работеше за усвоен дневен ред и за започната седница со работа, туку бевме на усвојување на дневен ред. Самиот се збрка во сопствените маневри и беше приморан тука и веднаш да го прекине првиот ден кој заврши без усвоен дневен ред. – додаде Стојаноска.

Таа рече дека целиот ден Џафери се изживувал врз пратениците на опозцијата, довикувајќи недолични работи и злоупотребувајќи го неговиот вклучен микрофон за да се обраќа како на излет во планина, а не како претседател кон колешки и во Собрание.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски