Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Од:

Британскиот весник „Гардијан“ стави јадрански бисер на својата листа на најубави острови „надвор од радарот“.

Имено, меѓу 10-те најубави острови во Европа, кои се наоѓаат надвор од познатите туристички патеки, е и Ластово: вистинска рајска оаза опкружена со чисто море.

„Иако четири и пол часа возење со ферибот од Сплит може да изгледа привлечно само за љубителите на авантури, најјужниот хрватски населен остров е толку различен од Сплит што ќе ви биде мило што се потрудивте“, пишува Гардијан.

„Поминете време во боровите шуми восхитувајќи се на островските куќи во венецијански стил, потоа истражувајќи ги црквите или пливајќи во кристално чистото море на заливот Скривена Лука. Има само еден хотел на островот, но има неколку одлични ресторани кои нудат локални храна и морски специјалитети“, го пофали Гардијан хрватскиот остров кој во 2006 година беше прогласен за природен парк.

Покрај Ластово, на оваа листа се и островите Поркелол (Франција), Табарка (Шпанија), Бозада (Турција), Ла Грациоза (Канарски Острови), Сирос (Грција), Кабрера (Шпанија), Тинос (Грција), Иле де Бац (Франција) и Филикуди (Сицилија).

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска

Американци пиеле пиво во Колосеумот, па платиле 800 евра казна

Ана Ололовска