Макрон не се откажува – Во следните часови ќе барам договор со „Северномакедонците“

Од:

Претседателот на Франција, Емануел Макрон се надева дека сѐ уште е можен договор меѓу Скопје и Софија за преговарачката рамка.

Макрон по Самиот на ЕУ во Брисел истакна дека верува дека се блиску до договор за Скопје и Тирана да продолжат напред кон преговори, јави дописничката на МИА од Брисел нагласувајќи дека Макрон го употребил изразот „Северномакедонци“.

„Мислам дека сме многу блиску до договор. Направивме предлог, работевме многу блиску заедно. Тоа ни дозволи да ги вметнеме бугарските барања кои се компатибилни со она што може Македонија да направи, но очигледно е прашање на видливост и градење на доверба во наредните неколку часа, кон тоа што е договорено, ќе има гласање во бугарскиот парламент и се потпирам на сите политички чинители во Бугарија да го поддржат ова. Во наредните неколку часа ќе разговараме со Северна Македонија за да го финализираме договорот. Сега се се движи напрeд и се надевам дека следната недела ќе имаме состаноци со кој процесот би отишол напред, Северна Македонија и Албанија би тргнале напред“, изјави Макрон и додаде дека со „Северномакедонците“ во следните часови ќе разгледува начин да се склучи договорот, за до идната недела да помине на амбасадорско ниво и да се деблокира процесот“

Тој изјави дека Македонија досега направи историски чекори, како менувањето на името и уставот, а сега земја членка на ЕУ повторно бара измени.

-Една земја членка со задоцнување побара промени, рече Макрон за Бугарија, но додаде дека ЕУ не може да се преправа дека тие не постојат и истакна дека има политичка криза во Бугарија.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска го одби предлогот на Франција за преговарачката рамка и рече дека само договор кој ги почитува црвените линии на државата може да биде прифатен. Тие црвени линии се меѓу другото јазикот, историјата, и промената на Уставот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски

Почна средбата на Мешовитата историска комисија, прва со новиот состав на македонскиот тим

Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија

Мицкоски: Државата е блокирана од нерационален и билатерален спор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Јотова советите да ги упати до буарските власти да дозволат Македонците да се организираат во невладини

(ВИДЕО) Радев: Нема потреба од посредништво меѓу Скопје и Софија