ВИДЕО: „Не можам да кажам дека Ковачевски е среќен, ќе видиме што ќе биде“, рече Вучиќ пред Самитот во Брисел

Од:

Претседателот Александар Вучиќ по пристигнувањето на Самитот на ЕУ рече дека дошол во Брисел да разговара со европските пријатели за иднината на Србија и регионот, но дека не очекува да се случува нешто.

Утрово разговарал со македонскиот премиер Димитар Ковачевски кој не бил среќен.

„Не можам да кажам дека Ковачевски е среќен, ќе видиме што ќе биде“, додаде Вучиќ.

На прашањето што мисли за билатерализацијата на преговарачкиот процес во Скопје и Софија, Вучиќ посочи дека тоа и е направено на Србија со Приштина, со тоа што и го дал поглавјето 35.
Тој посочи дека Северна Македонија е братска и пријателска земја за Србија и дека се што чувствува Скопје е како да се чувствува во Белград.

На прашањето на медиумите од регионот дали очекува критики во Брисел за невоведувањето санкции кон Русија, претседателот Вучиќ рече дека има подготвен одговор на тие критики и рече дека Србија седи на своето столче.

На прашањето да го коментира тоа што германскиот канцелар Олаф Шолц претходно изјави дека очекува Србија да го признае Косово, Вучиќ кратко одговори: „И јас му кажав дека тоа не го очекуваме“.

извор: РТС

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да дозволиме никој да ја уништи Србија!

А1он

Вучиќ: Зедовме модели од Унгарија и од Македонија, да видиме како да ги намалиме цените

А1он

Вучиќ: Голем пакет мерки за поддршка на граѓаните од 1 септември

А1он

СДСМ: Предлогот за резолуција со Бугарија за македонски јазик е штетна

Вучиќ: Србија не размислува за никакви конфликти во регионот, ние сè добиваме со економијата

А1он

Вучиќ: Полицајците не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

А1он