Албанија ќе испрати свои трупи во Бугарија во источното крило на НАТО

Од:

И Албанија ќе испрати свои трупи во Бугарија, во источното крило на НАТО, што се засилува поради руската агресија, изјави министерот за одбрана Нико Пелеши по денешната седница на владата.

-Ние, денеска сме активни не само Албанија туку и во меѓународни мисии и операции. Набрзо ќе бидеме и во Бугарија, во источното крило што се засилува поради руската агресија. Следната недела ќе се одржи самит на лидерите на НАТО каде ќе се донесе важна одлука пред се во новиот стратешки концепт на НАТО, рече Пелеши.

Според него владата донесла одлука за зголемување на платата на припадниците на албанската армија за 30 отсто.

– Не се наоѓаме во најдобри моменти за да се зголемуваат трошоците, но, ветувањето е ветување а ние како влада секогаш го одржуваме ветувањето, додаде тој.

СÐ ¾ зголемување на платата тој очекува да се зголеми интересот кај младите да станат дел од вооружените сили.

Најниската плата во армијата моментно е 51.000 лека(410 евра).

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Молотови коктели на протест во Тирана

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина