Американски сенатори постигнаа договор за усвојување построг закон за оружје

Од:

Група американски сенатори од двете партии постигнаа договор за нов закон со кој се воведува построга контрола врз купувањето и поседувањето оружје, што значи дека Сенатот потенцијално би можел да го усвои до крајот на неделата.

Група сенатори почна да подготвува построги прописи по масакрите во Бафало и Тексас. Тој предлог-закон го поддржаа 14 републиканци, 48 демократи и двајца независни сенатори, така што има доволно мнозинство да го помине процедуралниот дел и да се стави на гласање.

Иако предлог-законот не ги содржи сите ограничувања што би сакале демократите, како забрана за продажба на автоматско оружје, договорот со републиканците за ова прашање е историски.

Законот предвидува потемелни безбедносни проверки за најмладите купувачи на оружје, построги услови за трговците со оружје и повеќе пари за државите и локалните власти за подобрување на безбедноста на училиштата и лекување на проблеми со менталното здравје.

Вкупната вредност на новиот законски предлог се проценува на околу 15 милијарди долари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија