За финската премиерка Сана Марин која е во официјална посета и на Хрватска во рамки на турнејата низ Западен Балкан на Твитер е објавено видео на кое се гледа како хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ја оставил да чека неколку минути.
За тоа време таа најпрвин стоела сама, а потоа прошетала низ приемната сала гледајќи ги уметничките дела со скрстени раце на грб.
So.. yep … the Prime Minister of Finland is visiting Croatia today and the President of Croatia had her wait for him almost two minutes in his office. Power play or protocol?
This is a video of @MarinSanna just walking around, looking at pictures @Ured_PRH
?@RTLtelevizija pic.twitter.com/aGVGCw1Ztt
— Ivan Skorin (@IvanSkorin) June 21, 2022
Кога слушнала дека се отвора вратата низ која треба да помине Милановиќ, се врати назад, но хрватскиот претседател се уште не се појави.
Таа чекалше неколку моменти, а потоа пристигна тој, насмеан и подавајќи и ја раката, пренесува Индекс.
„Премиерката доцнеше, а не претседателот“
Кабинетот на Милановиќ, сепак, објави соопштение во кое се вели дека некои медиуми денеска објавиле „неточни и злонамерни информации“ дека хрватскиот претседател доцнел на средбата со финската премиерка Сана Марин и дека поради тоа морала да чека.
Од кабинетот на претседателот тврдат дека се било според протоколот. Освен што, велат, финската премиерка доцнел.