Северина му одговори на хрватскиот претседател: Благодарам за грижата, ама моето дете не е уште полудено

Од:

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го коментираше случајот за старателство меѓу Северина и Милан Поповиќ.

Тој за Дневник.хр критикуваше зошто толку долго трае битката за старателство.

„Девет години… Не знам какви се мајка му и татко му, но каде се судовите? Кого го обвинувате? Претседателот на Врховниот суд? Тој не може да направи ништо за тоа. Јас не знаам, можеби Уставниот суд? Тоа трае веќе девет години, тоа момче е веројатно веќе побелено. Веројатно полудело“, рече тој.

Многу брзо по изјавата на Милановиќ се огласи Северина која го исправи и рече дека сето тоа трае веќе 11 години.

„Почитуван претседателе, не се девет години, тоа трае веќе 11 години. Ви благодарам што разбравте дека не се работи за мене, туку за моето дете. И дека тоа е играње на системот со едно дете повеќе од една деценија – бесчувствително. Му се одзема правото на безгрижно детство и правото на дом. И за крај, благодарам за грижата, уште нема детето сеуште нема седа коса… И не полудело…“, напиша пејачката.

Врховниот суд пред неколку дена одлучи Милан Поповиќ и Северина повеќе да немаат заедничко старателство, што го определи Жупанискиот суд во Сплит во 2021 година, туку Александар, кој наскоро ќе наполни 12 години, да се врати кај својот татко.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: НАТО прави тоа што вели Пентагон

Горан Наумовски

Српско хрватска естрадна војна-се вклучи и фудбалер

Предраг Петровиќ

Карлеуша ја нападна Северина за Сребреница: „Кукло, употреби ја главата за размислување, не само за ботокс

Предраг Петровиќ

Уставниот суд на Хрватска соопшти: Милановиќ за да биде кандидат на изборите мора да поднесе оставка

Предраг Петровиќ

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа

Милановиќ се откажува од претседателската функција, ама по трката за премиер

Предраг Петровиќ