Милановиќ се откажува од претседателската функција, ама по трката за премиер

Од:

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ се појави на прес конференцијата на СДП. Тој оди на избори и ќе биде кандидат за премиер. Според неофицијални информации тој наскоро ќе поднесе оставка од функцијата претседател, јавија хрватските медиуми.

„Ќе собереме мнозинство за владата на националниот спас“, рече тој.

„Во животот на секој од нас има моменти кога треба да излеземе од комфорната зона.

„Дојде време да се седлаат коњите“, рече тој.

Ветувам, како и досега, решителна и чиста влада“, рече тој. „Со мене знаете за што сте“, додаде тој. Ги повикувам сите чесни луѓе да се соберат“, рече тој. „Реките на правдата доаѓаат. Ќе потечат на пролет“, рече тој.

Сепак, Милановиќ подоцна најави оставка откако ќе ја донесел победата на парламентарните избори.

По изборната победа, за која сум сигурен, ќе се повлечам од функцијата претседател на Републиката и со поддршка на новото мнозинство во хрватскиот Сабор ќе ја преземам одговорноста да ја водам Владата на Република Хрватска.

До преземање на нова функција ќе продолжам да ја извршувам функцијата претседател на Република Хрватска согласно моите уставни обврски и должности, објави тој на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд на Хрватска соопшти: Милановиќ за да биде кандидат на изборите мора да поднесе оставка

Предраг Петровиќ

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа

Северина му одговори на хрватскиот претседател: Благодарам за грижата, ама моето дете не е уште полудено

Предраг Петровиќ

Милановиќ: Или Русија и САД некаде ќе се договорат или ќе следи Трета светска војна

Милановиќ и опозицијата го обвинуваат Пленковиќ за кршење на хрватскиот Устав

Милановиќ не е добредојден на одбележување на деблокирањето на Дубровник