Евростат: Албанија последна во Европа по приход и потрошувачка по глава на жител

Од:

Со 32 отсто од европскиот просек, Албанија останува последна во Европа по приход по глава на жител за 2021 година, покажуваат најновите податоци објавени од Еуростат (податоците не го вклучуваат Косово), пренесува агенцијата Балкан веб.

Босна и Херцеговина има приход по глава на жител од 33 отсто од просекот на ЕУ, додека Северна Македонија има 10 процентни поени повисоко од Албанија (42), Србија 44, а рекордот во регионот го држи Црна Гора со 47 отсто.

-И според друг показател, оној за индивидуалната потрошувачка по глава на жител, кој ја мери куповната моќ на граѓаните на една земја и нивната материјална благосостојба, Албанија е повторно последна, со 39 отсто од европскиот просек. Во Босна и Херцеговина овој показател е 41 отсто, во Северна Македонија 49 отсто, Србија 52 отсто и Црна Гора 60 отсто, наведува истиот извор.

Констатира, дека Албанија со години „ не може да расте побрзо како соседите или другите земји од ЕУ, забележувајќи застој во таканаречениот процес на конвергенција или побрз раст за да го фати, во одреден период, просекот на Европската унија“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски