Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили на економската конференција во Катар изјави дека неговата земја е решена да влезе во НАТО, но прво мора да ги реши територијалните проблеми со Русија, јавија западни медиуми.
Грузија e позиционирана меѓу Русија на север и Турција, Ерменија и Азербејџан на југ.
Отцепените региони Абхазија и Јужна Осетија се меѓународно признати како дел од грузиската територија, иако неколку држави, вклучително и Русија, официјално ги признаваат како независни републики.
Извор: МИА