Сончево, но посвежо и ветровито. Максималната температура во Македонија ќе се искачи до 32-от степен, а УВ индексот ќе биде 8.
И ако денеска можете да се порадувате на малото заладување, веќе од утре (четрврток), повторно температурите ќе растат.
Во четврток до 37, а во петок повторно 39 степени и УВ индекс 9.
И викендот ќе биде многу топло, а дури во почетокот на наредната недела ќе настапи дестабилизирање на времето со можност за дожд и грмежи.