Претседателот на Перу организира регионален самит за миграциските прашања

Од:

Перуанскиот претседател Педро Кастиљо ги покани претседателите на Еквадор, Колумбија, Бразил, Боливија и Чиле на регионален самит за миграциските прашања.

„Ќе организираме настан за да го истражиме горливото прашање на миграцијата. Тоа е прашање што не засега сите нас“, рече Кастиљо по состанок на советот на министри во Такна, град на границата со Чиле.

Тој ги покани претседателите на петте земји на средба во Перу, без да прецизира датум.

Таа иницијатива доаѓа осум дена по „Самитот на Америка“, организиран од САД, кој беше одбележан повеќе со несогласувања отколку со конкретни најави.

На крајот на состанокот одржан во Лос Анџелес, дваесет земји започнаа партнерство за имиграција во Јужна Америка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Перу

ВИДЕО: Разорен земјотрес од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните