Русинката Татјана Лисенко ја одбрани титулата од Даего пред две години во фрлање кладиво, откако вечерва фрли 78.80 метри и постави нов рекорд на светските шампионати.
Зад неа заврши поранешната светска рекордерка Анита Влодарчик од Полска со национален рекорд од 78.46 метри.
Трета заврши Жанг од Кина со 75.58 метри.
Ова беше едно од најинтересните финалиња во Москва бидејќи Лисенко и Влодарчик на два пати се менуваа на лидерската позиција. А тука недостасуваше светската рекордерка Германката Бети Хајдлер која не успеа да ги мине квалификациите.