Јелена Исинбјаева, смета дека била погрешно интерперирана нејзината поддршка на рускиот закон против хомосексуалноста.
„Јас сум против секој вид дискриминација на хомосексуалците“, рекла Исинбајева, според која нејзината реченица била погрешно протолкувана, бидејќи англискиот не и е мајчин јазик.
„Сакав да кажам дека луѓето треба да ги почитуваат законите на земјата чии гости се. Сепак, една работа треба да биде јасна – ги почитувам ставовите на моите колеги и сум против секој вид дискриминација на хомосексуалците“, рекла Исинбајева.