Додик: Средбата со Путин беше полна со разбирање и отвореност

Од:

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург била „полна со разбирање и отвореност“.

Додик доцна синоќа се сретна со Путин на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

По средбата, Додик за РТРС изјави дека се разговарало за неколку теми, пред се политички, како што е улогата на Русија како гарант на Дејтонскиот договор.

Тој посочи дека го информирал Путин за тоа дека Кристијан Шмит „се претставува како висок претставник во БиХ, иако за тоа нема одлука на Советот за безбедност на ОН“.

Додик рече дека се разговарало и за важни инфраструктурни прашања и дека е потврдена одлуката за изградба на гасовод во Српска и две електрани, едната во близина на Приједор, а другата во близина на Бања Лука.

Тој изјави дека го информирал рускиот претседател за воведувањето санкции за луѓето од РС, вклучувајќи го и него.

Како што наведе, Путин го поканил на нова средба во септември, на која ќе се разговара за реализација на проектот.

– Русија останува значаен фактор за одлучување во Советот за безбедност на ОН, посочи Додик.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Кремљ: Путин ќе одлучи дали ќе ја нападне украинската енергетска инфраструктура

Песков: Очекувањата за средбата Путин-Трамп се големи, но работите се покомпликувани

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Додик: Ситуацијата во Српска е стабилна, додека на ниво на БиХ е сложена