Во југозападниот дел на САД угинале илјадници грла крупнорогата стока поради жешкиот бран предизвикан од високи температури и влажност и речиси целосно отсуство на ветер.
Како што јавија некои американски медиуми, повикувајќи се на претставници од земјоделието на САД, конечната бројка на угинати говеда засега е неизвесна, но закклучно вчера, како што јавија од Министерството за здравство и приридна средина на Канзас, избројани се најмалку две илјади случаи.
Претставник на министерството, Мат Лара, истакна дека бројот може да порасне бидејќи жешкото време продолжува и сопствениците сеуште не информирале за вкупните загуби.
Умирањето на стоката предизвика шпекулации по социјалните мрежи дека причината не се временските прилики, но властите изјавија дека нема докази кои укажуваат на други причини.
Минатата недела, температурата во овој дел на САД се движеше од 20 до 30 степени Целзиусови, а за викендот нагло се зголеми до 37 степени.
-Ова се случува еднаш во 10 или 20 години. Ова не е нромална појава, изјави Брендон Деенбу, претсавник на индустрјата за сточна храна.
Екстремните жештини во Канзас не се единствена временска непогода во земјата. Високи темперетури имаше и во Средниот Запад на САД, потоа поројните дождови во Јелоустоун создадоа проблеми за раководителите на паркот, а шумски пожари има во Аризона и Њу Мексико.
Извор: МИА