Канзас гласаше против ограничување на правата на абортус

Од:

Граѓаните на американската сојузна држава Канзас синоќа на референдум се изјаснија против обидот за укинување на уставната заштита на правото на абортус, во првото изјаснување на населението откако американскиот Врховен суд ја отфрли пресудата од предметот „Ро против Вејд“.

Жителите на Канзас гласаа по однос амандманот поврзан со пресудата на Врховниот суд од 2019 година, со која се гарантира правото на абортус до 22-та недела од бременоста.

Парламентот на таа сојузна држава во која мнозинството го држат Републиканците донесе амандман за отфрлање на тоа уставно право, со цел уредувањето на тоа прашање да се врати во ингеренција на пратениците.

По пребројувањето на 98 отсто од гласовите, против амандманот се изјасниле 59 отсто од гласачите, а за негова поддршка гласале 41 проценти од граѓаните.

Тоа значи дека Парламентот на Канзас нема да може да носи одлуки со кои би се ограначувало правото на абортус. Голем број пациентки доаѓаа на таква медицинска процедура во таа конзервативна сојузна држава од блиските држави Тексас, Оклахома и Мисури каде абортусот е целосно забранет.

По објавените резултати демократите се охрабрени дека прашањето за абортусот ќе значи привлекување на гласачите за во ноември предвидените среднорочни избори, независно од нивното незадоволство поради големата инфлација во земјата.

„Ова треба да биде повик за будење за противниците на абортусот. Кога целосната забрана ќе стане реална можност, ќе имате многу луѓе што ќе излегуваат на гласање, а истовремено ќе губите многу повеќе од поумерените поддржувачи на ограничувањата за абортусот“, изјави Нил Ален, политиколог од Универзитетот во Вичита.

Изјаснувањето во Канзас е прво од неколкуте во САД, на кои државите ќе одлучуваат за прашањето на абортусот. Најавено е референдумско изјаснување и во сојузните држави Кентаки, Калифорнија, Вермонт, веројатно и во Мичиген.

Претседателот Џо Бајден им се придружи на демократите низ САД во пофалбите за резултатите од изјаснувањето во Канзас.
„Ова гласање го покажува јасно она што веќе го знаеме, дека мнозинството Американци се согласуваат дека жените треба да имаат пристап до абортус и да имаат право да носат свои здравствени одлуки“, рече Бајден.

Резултатите од анкетата што во февруари ги објави Универзитетот „Форт Хејс“ покажа дека мнозинството жители на Канзас не поддржуваат целосна забрана на абортусот. Околу 60 проценти од нив не се согласуваат дека абортусот треба да биде целосно нелегален, а 50,5 отсто од нив рекле дека „Владата на Канзас не треба да поставува никакви регулативи за околностите под кои“ се спроведува процедурата.

Би можело да ве интересира

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

Доналд Трамп: Забранувањето на абортусот по 15-та недела од бременоста изгледа разумно

Франција абортусот го прогласи за уставно право

(ВИДЕО) Крвав напад на парадата на победникот на Супербол, напаѓачот го совладаа навивачите

Форумот на жени на ЛДП: Таблетарната терапија за прекин на бременост да биде дел од позитивната листа на лекови

Тинејџер во САД отишол да ги земе браќата па влегол во погрешна куќа, сопственикот го застрела